За нас

Добредојдовте во нашата оаза на убавината и релаксацијата

Нашиот салон е вистинска оаза на убавината и релаксацијата, каде секој клиент добива врвна нега и персонализиран третман. Од нашето основање, со љубов и посветеност се грижиме за вашата кожа, нокти и општа благосостојба, нудејќи висококвалитетни услуги во топла, пријатна и модерна атмосфера.

Зад ова прекрасно катче стои сопственичката Ирена – искусен професионалец со над 15 години искуство во светот на убавината. Со нејзината стручност, прецизност и внимание кон секој детал, секој третман е вистинско уживање.

Освен што е врвен мајстор во својата професија, Ирена е и сертифициран тренер кој организира професионални обуки и сертифицирани часови за сите што сакаат да го направат светот на убавината своја кариера.

Дозволете ни да се погрижиме за вашиот изглед и да ви подариме моменти на вистинска релаксација!

Body combo

Овој апарат комбинира ултра липослим, липомасажа и RF електро-обликување, овозможувајќи им на нашите клиенти врвни резултати преку - Мобилизирање на маснотиите од клетките, подобрување на циркулацијата и во исто време стимулирање на производството на колаген и еластин, давајќи и на кожата затегнат и обновен изглед. 🏆Докажан во третманите за лице и тело.Ги топи масните наслаги и ја затегнува кожата во процесот на слабеење.

  • Апарат наменет за лице и тело
  • Топи локализирани масти
  • Одличен кога станува збор за затегнување на кожата
  • Стимулира производство на колаген
  • Се користи во третманите за слабеење
  • Се користи во третманите за лице каде што е потребно измазнување на брчките,подигнување на тонусот на кожата.Побрзи третмани, видливи резултати и среќни клиенти - се што може да донесе Body Combo

Hydrafacial 7/1

7 Различни третмани за секаков тип на кожа

  • RF радиофрекфенција

    Ова е потполно безбедна и пријатна метода за затегнување на лице и врат.Овој третман е погоден за секоја жена која што сака да ја ублажи длабочината на брчките .Rf -Работи на принцип на загребање на средниот дел од кожата каде што се наоѓаат колагенот и еластинот.Со помош на радиобрановите и топлината се делува стимулативно на колагенот и еластинот.За поголем ефект се препорачуваат сериски третмани .Секој третман се повторува од 10 до 14 дена

  • H2-O2 Хидратација

    Хидрира, брзо продира во кожатаи ја зголемува нејзината виталност

  • Ultrasonic import

    10 до 3 милиони вибрациидлабоко продира и ја обновува долната кожа

  • Cold hammer whitening

    Ја избелува и подмладува кожата,ги стеснува порите и ја намалува чувствителноста

  • Skin scrubber

    Го отстранува мртвиот слој на кожа,ја подобрува кутикулата и фината текстура на кожата

  • H2-O2 чистење

    Длабинско чистење, отстранување на маснотии,црнки, акни, нечистотии и подобрување на еластичноста на кожата

Наши услуги

Наши услуги

Маникир и педикир

Подарете им на вашите нокти совршен изглед со професионален маникир и педикир! Нудиме класичен, гел и дип маникир со Kiara Sky , како и релаксирачки педикир третмани за здрави, негувани и беспрекорно убави нокти.

Масажи

Опуштете се и ослободете го телото од стрес со нашите релаксирачки масажи. Од антицелулитни до ароматерапија и релакс масажи – пронајдете ја совршената масажа за вас! Масажите се наменети исклучиво за жени

Третмани за лице и тело

Вратете ѝ го сјајот на вашата кожа со нашите професионални третмани за лице и тело. Хидратација, подмладување, длабинско чистење или дермапен – ние имаме решение за секој тип на кожа!

Надградба на трепки

Истакнете го вашиот поглед со совршено поставени вештачки трепки! Нудиме класични, 3D и волуменски надградби за природен, гламурозен или драматичен ефект кој трае со недели.

Депилација

Ослободете се од несаканите влакна со нашите професионални депилациски третмани! Нудиме топла и ладна депилација за лице и тело, со нежни техники кои обезбедуваат мазна и свиленкаста кожа подолго време.

Третмани за лице

Откријте ја тајната на совршената кожа со Guinot, водечки бренд во професионалната козметика. Нашите ексклузивни третмани комбинираат најнапредни технологии и природни активни состојки за да ја хидрираат, подмладат и разубават вашата кожа.

Третман со кој се постигнува одличен резултат кога се во прашање брчки,стрии,флеки,тонус.Со помош на микроигличките се прават микроубоди во кожата.На тој начин се стимулира производството на колаген и еластин во кожата.Во овој третман се користат коктели кои стимулираат производство на колаген,имаат избелувачко дејство,делуваат на себурегулација,затвараат пори,ја хранат кожата.

Откријте ја магијата на Afrodita Professional, бренд кој со децении поставува стандарди во професионалната козметика. Создадени со најквалитетни природни состојки и иновативни формули, нашите производи обезбедуваат врвна нега, хидратација и подмладување на кожата.

Hydra Lips

Hydra Lips е процедура за хидратација на усните со Dermapen , која ги третира сувите усни, лупењето и ги намалува фините линии.

Со создавањето микро-дупчиња со пенот, сите активни состојки кои се нанесуваат продираат длабоко во кожата.

Главната цел на Hydra Lips Gloss е интензивна хидратација и регенерација на усните. Техниката ја елиминира сувоста без инвазивни козметички зафати и без непријатност.

Резултатите се веднаш видливи, безболни и без никаков ризик.

Вашите усни добиваат подмладен, мазен и супер хидриран изглед. Процедурата вклучува ексфолијација, потоа апликација со Dermapen со хијалуронска киселина и хидратантни состојки, а завршува со маска за усни за целосна апсорпција на активните компоненти!

Оваа комбинација хидрира, негува и ревитализира, оставајќи ги усните природно меки, бујни и со кадифен изглед.

Егзозомите се минијатурни молекули со големина помеѓу 30 и 200 nm,кои служат за пренос на важни информации во ќелиите .Тие содржат различни биоактивни супстанции како протеини, RNA молекули,кои имаат клучна улога во регенерација на кожата.Тие носат информации во ќелијата на најдлабоко ниво.На тој начин делуваат на подмладување на кожата.

Подарете ѝ на вашата кожа длабинско чистење и регенерација со класичниот хигиенски третман, комбиниран со моќта на LED терапијата. Овој третман ги отстранува нечистотиите, ги деблокира порите и ја освежува кожата, оставајќи ја чиста, хидрирана и здрава.

Со Janssen Cosmetics, вашата кожа добива професионална, висококвалитетна и научно докажана нега. Како водечки бренд во дерматокозметиката, нашите производи комбинираат фармацевтска експертиза и природни активни состојки, обезбедувајќи ефикасни и долготрајни резултати.

Овој револуционерен третман нежно ги затегнува очните капаци, ја намалува видливоста на темните кругови и го враќа сјајот на вашите очи. Совршен избор за оние кои сакаат младешки и одморен изглед.

Маникир и педикир

Дип пудрата за нокти е револуционерен начин за постигнување совршен маникир кој е долготраен, издржлив и безбеден за вашите нокти. За разлика од традиционалните гелови и акрили, Kiara Sky дип пудрата не содржи штетни хемикалии како метилметакрилат (MMA) и има поблага формула која не го оштетува природниот нокт. Овој метод не бара УВ или ЛЕД ламби, што значи дека нема изложување на потенцијално штетни зраци, а воедно обезбедува брзо сушење и отпорност на кршење и лупење.

Една од најголемите предности на дип маникирот е што е безбеден за трудници, благодарение на неговата формула без агресивни мириси и токсични состојки, што им овозможува на идните мајки да уживаат во професионален маникир без компромиси за нивното здравје. Дополнително, процесот на отстранување е многу поблаг и не ја оштетува ноктната плочка, што го прави идеален избор за секој што сака негувани, здрави и долготрајни нокти. Доколку барате совршен баланс помеѓу убавина, здравје и издржливост, дип маникирот со Kiara Sky е вистинското решение!

Вашите стапала заслужуваат нежна грижа и совршен изглед во секое време!

  • Класичен педикир – обликување, сечење и негуван изглед на ноктите
  • Медицински педикир – решение за задебелени нокти, жуљеви и испукани пети
  • Гел-лак или траен лак – долготрајна боја и беспрекорен сјај

Ослободете се од уморните и суви стапала и уживајте во чувство на свежина, мекост и удобност

Доверете ги вашите стапала на професионална нега и чекорете со самодоверба! ✨

  • Класичен маникир
  • Маникир со гел лак
  • Маникир со гел

Третмани за тело

ШТО Е ПИЛИНГ НА ТЕЛО?

Пилинзите за тело се дизајнирани со мека текстура и минијатурни честички кои помагаат да се отстранат постарите клетки на кожата. Иако нашата кожа природно ги отфрла овие мртви клетки со текот на времето, поттикнувањето на процесот помага побрзо да се создаде помека кожа.

Пилингот за тело може да помогне и во спречување на вродените влакна, бидејќи тие темелно ги чистат порите. Ова е особено важно ако се бричите или се депилирате, бидејќи старите клетки на кожата лесно може да се заробат во фоликулите каде што сте ги отстраниле влакната, ако прво не ја пилирате кожата.

Редовната употреба на пилинг ќе ви помогне кожата да почне да дише,да биде помека и посјајна...Зарем тоа не го посакувате ?

Веѓи и трепки

Трепки

Свилени трепки

Класик 1:1

Хибридни трепки

Lash lift

Веѓи

Обликување

Фарбање

Ламинација

Депилирање

Депилација

Подарок
за посебен момент!

Изненадете некого со совршен подарок – подарочен ваучер за нега и релаксација. Без разлика дали е за роденден, годишнина или специјален повод, нашиот ваучер им овозможува на вашите најблиски да уживаат во професионални третмани и моменти на вистинска убавина.

Закажете термин
Контакт

Имате дополнителни прашања?

За дополнителни информации и прашања може да ја пополните контакт формата подолу. Доколку сакате да закажете термин, Ве молиме закажете преку нашиот календар.

Име и презиме
Телефонски број
Е-пошта
Вашата порака
Се вчитува...
Дојде до грешка. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!